Денеска на градскиот плоштад во Струмица, со масовно учество и посебна почит кон традицијата, беше одбележанЧист понеделник.
Оваа традиција, како составен дел од карневалските денови, собра голем број граѓани на местото каде што се јадеше и делешебел посен грав, осветен од свештеници наСтрумичката епархија.
Меѓу присутните, како и на сите настани во рамките на карневалската програма, беше иградоначалникот Петар Јанковсо своите соработници и членови наСоветот на општина Струмица, кој ја имаше честа прв да вкуси од традиционалниот бел грав.
Одбележувањето на Чист понеделник беше збогатено и со настапот на играорците одКУД „Фолклорна низа“ од Струмица, кои ја внесоа карневалската енергија и во оваа свеченост.
Нека ни е за многу години! Да си ја чуваме и негуваме оваа наша струмичка убава традиција!
Извор: Општина Струмица