Градските улици и плоштадот вечерва беа претворени во вистинска сцена на боја, креативност и радост. Посетителите уживаа во богатата понуда на карневалски креации, изработени со многу љубов и труд од карневалски групи од Струмица, Македонија, како и гости од Бугарија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Пред жири-комисијата и илјадниците посетители продефилираа39 карневалски групи со повеќе од 1.000 учесници, кои со своите оригинални маски и кореографии создадоа вистински визуелен спектакл.
Меѓу поддржувачите и пријателите на карневалот беа градоначалникот на општина Струмица,Петар Јанковсо своите соработници, претседателот на Советот Никола Маџунков и советници, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, како и бројни претставници на државни и општински институции.
По завршувањето на интернационалното дефиле, карневалската еуфорија продолжи на градскиот плоштад со концерт наКирил Џајковски, кој со својата енергија и музика ја заокружи ноќта во вистински празник на забавата.
Карневалската магија повторно покажа дека Струмица живее за традицијата – а традицијата живее преку луѓето.
Извор: Општина Струмица