Струмица (Вести): Избор на најдобрите спортисти на општина Струмица за 2025 година

објавено во Општински вести | 0
Под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на општина Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се организира и одржи традиционалната годишна спортска манифестација:

„Избор и прогласување на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери на општина Струмица за 2025 година“.

Изборот и прогласувањето на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери за 2025 година ќе се одвива во следните категории:

Доставувањето на предлозите е во тек и ќе трае најдоцна до20.01.2026 година (вторник), по електронска пошта на:sportiststrumica@gmail.com

За датумот и местото на одржување на оваа спортска манифестација јавноста ќе биде дополнително информирана.


Извор: Општина Струмица