Градоначалникот Петар Јанков го запозна амбасадорот Лосон со карактеристиките, потенцијалите и можностите на Струмица, како и со функционирањето на локалната власт и нејзините приоритети.
На средбата се разговараше за актуелни теми и за можностите за продлабочување на соработката на локално ниво, особено во областите на економскиот развој, образованието, културата и размената на искуства во локалната самоуправа. Притоа беа потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји.
Градоначалникот Јанков му се заблагодари на амбасадорот Лосон за посетата, нагласувајќи дека ваквите средби се значајни за градење нови партнерства и стекнување нови искуства во унапредување на соработката, од која бенефит ќе имаат граѓаните.
Извор: Општина Струмица