Општина Струга ги повикува сите здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и спортски организации кои имаат седиште и делуваат на територијата на Општина Струга да се евидентираат во:
·Регистар на здруженија на граѓани и фондации
·Регистар на спортски клубови и спортски организации
кои ги воспоставува Општина Струга со цел:
· подобрување на соработката со граѓанскиот сектор· создавање база на податоци за локалните организации· транспарентност при доделување финансиска поддршка· подобро планирање на локалните политики и програми.
Евидентирањето во регистрите претставувапредуслов за учество на јавни повици за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Струга.
2. КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ
На повикот може да се пријават:
1️⃣Здруженија на граѓани и фондации
кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и имаат седиште на територијата на Општина Струга.
2️⃣Спортски клубови и спортски организации
кои се регистрирани согласно Законот за спорт и имаат седиште на територијата на Општина Струга.
3.ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За здруженија на граѓани и фондации
1. Пополнет образец за регистрација(Образец 1)2. Тековна состојба од Централен регистар (не постара од 6 месеци)3. Статут на организацијата4. Краток опис на активностите5. Контакт податоци
За спортски клубови и спортски организации
1. Пополнет образец за регистрација(Образец 2)2. Тековна состојба од Централен регистар3. Решение за вршење дејност спорт4. Потврда за членство во федерација5. Краток опис на спортските активности
4. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавите се доставуваат:
📍во Архивата на Општина Струга
„За евидентирање во Регистар на организации“.
Рокот за доставување на пријавите е:
30 дена од денот на објавување на повикот.
По истекот на рокот, Општина Струга ќе јаобјави првата листа на евидентирани организации.
Одлука за воспоставување и водење регистар на спортски клубови и спортски организации
Одлука за воспоставување и водење регистар на здруженија на граѓани и фондации
6. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За дополнителни информации заинтересираните организации можат да се обратат во:
Сектор за јавни дејности – Одделение за спорт и здруженија на граѓани или на меил:s.jovcheska@struga.gov.mk
Извор: Општина Струга