„Струшкокултурнолето 2026“ (21 јуни – 21 август 2026 година)– делод Програматаза култура наОпштина Струга за 2026 година.
Во согласност со Програмата за култура на Општина Струга за 2026 година, а во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на културна сцена, Општина Струга распишуваКонкурс за финансиска поддршка на Струшко културно лето 2026 (21 Јуни-21 Август)
2. Предмет на јавниот повик
Предмет на овој јавен повик е доделување финансиска поддршка за реализација на културни настани и проекти од јавен интерес на територијата на Општина Струга.
3.Области за учество на апликантите
Врз основа на член 10 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Струга, учесниците на Конкурсот треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општината за следниве приоритетни области:
– Изведбени уметности– Музички уметности-Визуелни уметности и уметност на новите медиуми– Издавачка и библиотечна дејност– Промоција на културното наследство– Креативни индустрии
Општина Струга, согласно Програмата за култура за 2026 година, ќе поддржи културни проекти и активности кои придонесуваат за збогатување на културниот живот, поттикнување на креативноста и афирмација на локалните културни потенцијали:
– Манифестации и фестивали– Театарска дејност– Музичка и музичко-сценска дејност– Фолклор– Ликовни уметности, изложби и дизајн– Литература и издавачка дејност– Комеморативни активности– Саеми
4. . Право на учество и потребна документација
На овој Конкурс може да се пријават сите физички лица кои вршат дејност од областа на културата, како и сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста и се со седиште на територијата на Општина Струга како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година
– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или организацијата
– да имаат најмалку една година работно искуство во културата
– да приложат минимум една референца за реализирана уметничка активност (за физичките лица)
Правните субјекти– установи од областа на културата, здруженија на граѓани, невладини организации, фондации и други правни лица да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Струга:
б) Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
в) Потврда за отворена и активна жиро сметка со банката;
г) Референтна листа за претходно организирани и реализирани програми, проекти, програмски активности и манифестации во последните три години.
Физичките лица –уметници и самостојни уметници да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Струга
б) Кратка биографија и СV на апликантот;
в) Доказ за жителство во Општина Струга;
г) Минимум 1 референца за реализирана уметничка активност;
д) Копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво лична на апликантот, не ополномоштена од трето лице).
Секој апликант може да аплицира и да добие средства само од еден јавен повик објавен од Општина струга во текот на 2026.
5. Критериуми за евалуација на квалитетот на проектот
Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Струга
се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за реализација на проектот. Проектот треба да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање
– да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот
– да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот
– да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот
– да работи на афирмирање и анимирање на нови културни простори во Општината.
Апликации со партнери се дозволени, но не се задолжителни.
7.Времетраење и реализација на проектите
9. Прифатливи активности
Средствата се наменети исклучиво за:
10.Обврски на корисниците
11.Рок и начин на аплицирање
Рок за поднесување на пријавите е 8 (осум) дена од денот на објавување на Конкурсот на веб-страницата на Општина Струга.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Сектор за јавни дејности/Одделение за образование и култура
ул. „Маршал Тито“ бб , 6330 Струга
односно, во Архивата на Општина Струга од 9.00 до 16.00 часот
со назнака: КОНКУРС за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата.
12. Постапка на оценување
Постапката се состои од:
Минималниот праг за финансирање е100 бода.
13. Дополнителни информации
Општина Струга го задржува правото:
Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат. Проектите поддржани со овој Конкурс се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Струга за 2026 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината, а максималниот износ по одобрен проект изнесува250.000,00денари. Вкупните средства за Конкурсот за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата изнесуваат1.000.000,00денари. Учесниците на Конкурсот ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Струга ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Конкурсот.
Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Стругаhttps://www.struga.gov.mk/
Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец, пријавите што не се пополнети електронски или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.
Извор: Општина Струга