Струга (Вести): ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ

објавено во Општински вести | 0
Се известуваат сите корисници на јавните површини на територијата на Општина Струга дека се должни, во согласност со Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Струга за 2026 година, бр. 08-395/22 од 28.01.2026 година, да поднесат барање во шалтерот на Општина Струга, со уредна и комплетна документација за користење на јавните површини.

Формуларите за барањата се објавени и на официјалната веб-страница на Општина Струга:

Крајниот рок за поднесување на барањата е 30Април2026 година.

По истекот на овој рок, секое користење на јавни површини без одобрение ќе се смета за узурпација на јавна површина. Против сите субјекти кои нема да го почитуваат овој рок ќе бидат преземени соодветни казнени мерки, вклучително и итно отстранување на урбаната опрема, а целокупната одговорност ќе ја сносат самите корисници/узурпатори.

ОПШТИНА СТРУГАГрадоначалник,Менди Ќура


Извор: Општина Струга