Организиравме еколошка акција, а се одржа и свечена седница на Советот на Општината на која го презентирав извештајот за досегашните активности и ги најавив важните инфраструктурни проекти кои ќе се реализираат во периодот што следи.
Асфалтирање и санација налокални патишта во Долно Соње ул 6, Нова Брезница ул 1, локален пат Св Петка – Хец Св Петка, Горно Соње ул 10, Сопиште ул 11, дел од ул 1 Добри Дол, дел од локалниот пат кон Патишка Река, локален пат до училиштето во Држилово.
Реконструкција на мостови во Долно Соње – Чифлик и Добри Дол- Ракотинци
Изградба на водоснабдувачки бунар во Чифлик и Нова Брезница
Нов базен за вода во населено место Сопиште
Повеќе помали проекти за подобрување на комуналната инфраструктура
На седницата беа доделени признанија на заслужни личности кои со својот ангажман придонесоа во работни, културни и едукативни активности, како и дипломи на првенците на генерацијата во нашата општина.
Извор: Општина Сопиште