Изминатиот период пуштен е под напон две нови трафостаници ТС Горно Соње 10 и ТС Горно Соње 11 со што на многу корисници во с.Горно Соње се подобрија напонските прилики и квалитетот на снабдување со електрична енергија. Исто така кај трафостаницата Горно Соње 11 со реконструкција и каблирање на нисконапонската мрежа. Граѓаните се известени преку вибер група и истите се сложија проектот од страна на Електродистрибуција да се реализира. Кај трафостаницата Горно Соње 10 нисконапонаската кабелска мрежа беше пуштена изминатите години и сега со пуштање под напон на трафостаницата само се приклучи истата на новата трафостаница.
Планирана е изградба на нова трафостаница во с.Нова Брезница со нова среднонапонска и нисконапонска мрежа.
Во с.Патишка река изградена е нова трафостаница ТС Патишка река , реконструирана е постоечка среднонапонска и нисконапонска мрежа.
Во исто време има и други помали проекти на кои се работи во Сопиште, Горно Соње, Долно Соње, Ракотинци, Патишка река, Говрлево, Нова Брезница и Добри дол поврзани со проекти за нови потрошувачи со кои положуваар нови кабли, се монтираар нови столбови и се рекoнструира и доградува постоечката нисконапонска мрежа.
Извор: Општина Сопиште