Денес успешно заврши асфалтирањето на ул. 5 во населеното место Добри Дол, во вкупна должина од 667 метри и површина од 1.500 м² асфалт. Претходно, на оваа улица беше целосно заменета и водоводната мрежа, со што трајно се решаваат долгогодишни инфраструктурни проблеми.
Изразуваме благодарност до Владата на Република Македонија за поддршката и соработката во реализација на овој значаен проект.
Како Општина Сопиште, продолжуваме посветено да инвестираме во подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на сите наши сограѓани.
Чекор по чекор – за поубава и подобра општина! –Јане Мицевски – Градоначалник на Општина Сопиште
Извор: Општина Сопиште