Ресен (Новости): Покана за учество во акција за пошумување

објавено во Општински вести | 0
Ресен (Новости): Покана за учество во акција за пошумување

Општина Ресен, преку Секторот за животна средина, организира акција за пошумување со цел зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина во општината.

Акцијата се реализира во соработка соМЕН ЕНД МАУНТЕНС (МАМ),организатори на“Генералка викендˮ, кои обезбедуваат донација на садници, како резултат на нашето активно учество во истата. Насадите официјално го носат името “СОНЧЕВА ГОРА„.

На ден 14.03.2026 година (сабота), со почеток во 10:00 часот ќе се засадат850садници одПитом Костен и Јaвор. Собирната локација е платото наСОУ “Цар Самоил„ – Ресен.

Со ова Ве покануваме да земете активно учество во акцијата и заеднички да придонесеме кон создавање поздрава и позелена животна средина.


Извор: Општина Ресен