Радовиш (Соопштенија): Известување за посебен режим на сообраќај на улиците во централното градско подр

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Соопштенија): Известување за посебен режим на сообраќај на улиците во централното градско подр

Почитувани сограѓани !

Општина Радовиш викендов ќе биде домаќин на две манифестации „Радовишки вински двор“ и „Меморијална Гитаријада“ кои ќе се одржат од 17-ти до 19-ти Јули на  Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.

Нашите очекувања, со оглед на добрите временски услови, се дека ќе имаме голема посетеност на туристи, и за таа цел се воведува посебен режим на сообраќај на улиците во централното градско подрачје.

По тој повод, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот на разбирање и воздржаност од користење на моторни возила во деновите од манифестацијата, со цел сите заедно да придонесеме за успешна организација и да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин.


Извор: Општина Радовиш