Радовиш (Проекти): Уживајте во богатата понуда на македонски винарии, дружете се со пријателите и б

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Проекти): Уживајте во богатата понуда на македонски винарии, дружете се со пријателите и б

Радовиш на17 и 18 јулиќе биде центар на винската култура и добрата забава со одржувањето на манифестацијата„Радовишки вински двор“, која ќе се одржи на плоштадот„Св. Спасо Радовишки“.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богат избор на врвни македонски вина, дегустации од познати винарии, гастрономски специјалитети и богата музичка програма, која ќе понуди незаборавна атмосфера во текот на двата фестивалски дена.

Првата фестивалска вечер, на17 јули (петок), ќе настапатВикторија Бенд,Куку ЛелеиПауза за Ракија, додека на18 јули (сабота)публиката ќе ужива во настапите наТроја – Tribute to Riblja Čorba,СуперхиксиDJ Карлито.

Организаторите ги покануваат сите љубители на доброто вино, музиката и дружењето да бидат дел од оваа единствена манифестација, која има за цел да ја промовира македонската винска традиција, локалната гастрономија и препознатливото радовишко гостопримство.

„Радовишки вински двор“ ветува уште едно незаборавно издание, исполнето со позитивна енергија, одлична музика и врвни вина, создавајќи нова традиција која ќе го збогати културно-туристичкиот живот на градот.

Влезот за сите посетители е слободен.🍷🎶


Извор: Општина Радовиш