За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2026 година, за добивање на субвенција на млади лица – жители на општина Радовиш, за полагање на возачки испит од Б категорија, согласноПрограмата за Локален Економски Развој,на ОпштинаРадовишза 2026 година.
Содржина на јавниот повик
Финансиските средства предвидени воПрограмата за Локален Економски Развојoд Буџетот на ОпштинаРадовишза 2026годинаќе се доделуваат накорисниците, баратели кои се редовни/вонредни ученици воIIIилиIVгодина во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш а се со живеалиште и постојано престојувалиште на територијата на Општина Радовиш, кои се редовни/вонредни ученици воIIIилиIVгодина во други средни училишта во Република Северна Македонија и странство а кои се запишани на стручни насоки кои не постојат во СОУ “Коста Сусинов“ а се со живеалиште и постојано престојувалиште на територијата на Општина Радовиш или се невработени млади лица до 26 годишна возраст и се со живеалиште и постојано престојувалиште на територијата на Општина Радовиш.На барателот/физичкото лице што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од Б категорија во висина од12.000,00 денари. Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит – добиена возачка дозвола од Б категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање во периодот од 1 Јануари до 1 Декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 Декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени. Јавниот повик трае30 денаод денот на објавувањето.
Право на поднесување на барање
Право на користење на финансиски средства имаат физичките лицаредовни/вонредни ученици воIIIилиIVгодина во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, редовни/вонредни ученици воIIIилиIVгодина во други средни училишта во Република Северна Македонија и странство а кои се запишани на стручни насоки кои не постојат во СОУ “Коста Сусинов“ и/или невработени млади лица до 26 годишна возрасткои ќе поднесат барање со потребната документација од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот.
Критериуми за физичките лица кои ќе поднесат барање на овој повик се:
Потребна документација:
Поднесување на барањето:
Барањето со пропратната документација треба да биде доставено во затворен плик.
Рокот за поднесување на пријавите е30 денаод објавувањето на јавниот повик сметаноод05.02.2026 година а заклучно до 06.03.2026 година,секој работен денод 07:30 до 15:00 часот.
Барањето со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:
Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш
На пликот во горниот лев агол треба да стои:„Не отварај“,а во долниот десен агол:“Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за полагање на возачки испит Б категорија.“
Напомена: Пријавите пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Физичките лица/Барателите ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Решението за субвенционирање на физички лица-жители на општина Радовиш за полагање на возачки испит Б категорија.
Лазар Газепов и Ристе Стевков
Е-Mail: radovis@radovis.gov.mk
Извор: Општина Радовиш