Врз основа на член 34 од Статутот на општина Радовиш (Сл.гласник на општина Радовиш бр. 05/02), како и врз основа Правилникот за критериуми за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници бр.08-348/1 од 11.02.2015 год., Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш на ден 09.01.2026 год. објавува :
за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2025 год.
како и за спортски работник за повеќегодишна работа
Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2025 година, а во прилог да бидат приложени докази за истите (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).
Комисија за култура, образование и спорт
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака :За избор на спортист на годината
Kомисија за култура, образование и спорт
Претседател : Гордана Здравкоска
Извор: Општина Радовиш