Радовиш (Вести): Јавен оглас за ангажирање на работници за изведување на јавни работи во Општина

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Јавен оглас за ангажирање на работници за изведување на јавни работи во Општина

Согласно оперативниот план на Владата на Р.С.М. за 2026 година, Програмата за активности на општина Радовиш од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 бр: 08-1596/2 донесена на Советот на општина Радовиш на 24.12.2025 год. и предвидените средтсва во Буџетот на општина Радовиш за 2026 год., Градоначалникот на Општина Радовиш, распишува:

за ангажирање на работници за изведување на јавни работи во Општина Радовиш

за период од 12  месеци

I.Услови за пријавување:

а) долгорочно евидентирани невработени лица

б) ниско квалификувани невработени лица

в) лица над 55 години

Пријавувањето ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 22.01.2026 а најдоцна до 28.01.2026 година, секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.

Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на општина Радовиш во Архива секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.

-За лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е месечна  финансиска поддршка за секое ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

-За време на вршењето на јавните работи, ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.

-Со секое од избраните лица, по извршениот избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 12 месеци

Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:

-Одржување на градските и руралните паркови;

-Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;

-Одржување и чистење на речните корита и зелените површини покрај стамбените згради;

-Чистење на локалните патишта и улици и чистење на канафки и канали (на ниво на општина);

-Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација

Изготвил: Роберт Донев

Контролирал: Игор Чапов

Градоначалник на општина Радовиш

јавен Оглас јавни работи 2026


Извор: Општина Радовиш