Радовиш (Вести): Јавен оглас за ангажирање на евидентирани невработени лица за вклучување во Прог

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Јавен оглас за ангажирање на евидентирани невработени лица за вклучување во Прог

Согласно оперативниот план на Владата на Р.С.М. за 2026 година, Програмата за активности на општина Радовиш од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 бр: 08-1596/2 донесена на Советот на општина Радовиш на 24.12.2025 год. и предвидените средтсва во Буџетот на општина Радовиш за 2026 год., Градоначалникот на Општина Радовиш, распишува:

за ангажирање на евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа за период од 6 (шест )месеци

I.Услови за пријавување:

а) долгорочно евидентирани невработени лица

б) ниско квалификувани невработени лица

в) лица над 55 години

Пријавувањето ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 22.01.2026 а најдоцна до 28.01.2026 година, секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ, од 20 часа  неделно за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

-За лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е месечна  финансиска поддршка за секое ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

-За време на вршењето на работниот ангажман , ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.Со секое од избраните лица, по извршениот избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 6 месеци

Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:

Посета и давање подршка на лица кои имаат потреба од подршка и помош од друго лице . Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев

Изготвил: Роберт Донев

Контролирал: Игор Чапов

Градоначалник на општина Радовиш


Извор: Општина Радовиш