Во рамките на RYCO – Суперучилишта нашиот проект „ Спорт за сите“ е со фокус на „Спорт за развој“. S4D – „Спорт за развој“ е забавна, достапна и економична, но многу ефикасна алатка која вклучува не само игра и физичка активност, стекнување на здрави животни навики.
RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и помеѓу општествата во Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени.
„Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Координатори на проектот се Венка Тадирова и Иванка Спасова.
Извор: Општина Радовиш