Радовиш (Вести): Советот на Општина Радовиш ја одржа 11. седница

објавено во Општински вести | 0
Денеска се одржа 11. седница на Советот на Општина Радовиш, на која советниците разгледаа и дискутираа по повеќе точки од дневниот ред од значење за локалниот развој и подобрување на условите за живот на граѓаните.

На седницата беа усвоени одлуки и заклучоци кои се однесуваат на тековното работење на општината, реализација на инфраструктурни проекти, финансиски прашања и други иницијативи во интерес на граѓаните.

Советот продолжува транспарентно и одговорно да работи во насока на унапредување на општинските политики и развојот на општина Радовиш.

Усвојување на Записници од IX и X одржана седница на Совет на Општина Радовиш

Предлог Заклучок за усвојување на Извештаите на работните тела на Советот на општина Радовиш.

ПРЕДЛОГ ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог Одлука за назначување овластен претставник во Ракометен клуб “Радовиш”, АД Радовиш бр.09-60/52 од 27.02.2026 година;


Извор: Општина Радовиш