Радовиш (Вести): Потврда за заверка на Урбанистички Проект постапка бр.75651

објавено во Општински вести | 0
До :  Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, инвеститор Гроздан Јовановски од с.Подареш, Општина Радовиш

Предмет  :ПОТВРДА  за заверка на Урбанистички Проект

Врска  :    Наш број 26 – 942/1 од 21.10.2025 год., постапка бр.75651

Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1.1 – Станбени куќи (слободностоечки) согласно УПС Подареш (Одлука бр.08-387/1 од 20.02.2020 година), на дел од КП 510/3 КО Подареш – општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 202/2025-У од 10.2025 година.

Врз основа на член 58, став 2, од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25), ја издава следната:

Се издава Потврда за заверка на Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1.1 – Станбени куќи (слободностоечки) согласно УПС Подареш (Одлука бр.08-387/1 од 20.02.2020 година), на дел од КП 510/3 КО Подареш – општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 202/2025-У од 10.2025 година.

О б р а з л о ж е н и е

Инвеститорот Гроздан Јовановски со адреса во с.Подареш, Општина Радовиш, со полномошно бр.УЗП 8309/2025 од 31.07.2025 заверено на Нотар Љупчо Јорданов дадено на Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД со седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш, поднесе барање за издавање на Потврда за заверка наУрбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1.1 – Станбени куќи (слободностоечки) согласно УПС Подареш (Одлука бр.08-387/1 од 20.02.2020 година), на дел од КП 510/3 КО Подареш – општина Радовиш, со проектен опфат од 2502 м2.

Одобрен е Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1.1 – Станбени куќи (слободностоечки) согласно УПС Подареш (Одлука бр.08-387/1 од 20.02.2020 година), на дел од КП 510/3 КО Подареш – општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 202/2025-У од 10.2025 година, со проектен опфат од 2502 м2.

Доставена е следната документација:

–  Полномошно  на  Друштво  за  градежништво,  трговија  и  инженеринг  увоз-извоз  ДОМИНГ  ЈТД  од  Гроздан Јовановски со УЗП бр.8309/2025  од 31.07.2025 год., кај Нотар Љупчо Јорданов во Радовиш.

– Проектна Програма изработена од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.бр. 202/2025 –У од 10.2025год.

– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога со бр. 08-305/4 од 15.10.2025 г. изработен од ДГРУ ГЕОМ-КОМПАНИ ДОО Радовиш, за  Урбанистички проект за село  за  формирање  на  градежна  парцела  со  намена  А1.1  –  Станбени  куќи  (слободностоечки)  согласно  УПС Подареш (Одлука бр.08-387/1 од 20.02.2020 година), на дел од КП 510/3 КО Подареш – општина Радовиш,

– Извод од УПС Подареш, со бр. 26-161/2 од 18.02.2025г. за дел од КП 510/3 КО Подареш – општина Радовиш издаден од Сектор за Урбанизам, Комунални работи, Заштита на Животната средина и Локален економски развој при општина Радовиш.

– Имотен лист со бр. 52314 за КП 510/3 КО Подареш, издаден од АКН – ПЕ Радовиш.

– Извештај за извршена стручна ревизија со тех.бр. 0901- 569/25 од 10.2025 година, изработен од Друштво за трговија и услуги ,,БИЛД УРБАН,,ДООЕЛ Скопје, на Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела  со  намена  А1.1  –  Станбени  куќи  (слободностоечки)  согласно  УПС  Подареш  (Одлука  бр.08-387/1  од 20.02.2020 година), на дел од КП 510/3 КО Подареш – општина Радовиш.

– Податоци, информации, мислење од:

–  Урбанистички   проект   за   село   за   формирање   на   градежна   парцела   со   намена   А1.1   –   Станбени  куќи (слободностоечки)  согласно  УПС  Подареш  (Одлука  бр.08-387/1  од  20.02.2020  година),  на  дел  од  КП  510/3  КО Подареш – општина Радовиш   во PDF и DW, со тех.бр. 202/2025-У од 10.2025   изработен  од  Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш.

Градоначалникот на Општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и  приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирањеиздава Потврда за заверка наУрбанистички Проект.


Извор: Општина Радовиш