Комисија за јавна безбедност безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита при Совет на општина Радовиш распишува
за прибирање на понуди за доделување на линии за превоз на патници на територијата на општина Радовиш
За превоз на патници од општина Радовиш се објавува оглас за доделување на следните линии:
Подносителите на понудите за учество во доделување на линиите за вршење на општински линиски превоз на патници, покрај општите услови предвидени со Законот за превоз во патниот сообраќај и согласно член 7 од Одлуката за општински линиски превоз на патници, донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година и Одлука за распишување на оглас за распределба на линии за вршење линиски превоз на патници во општина Радовиш донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година, треба да ги исполнат следните услови:
да е впишан во Централниот регистар со регистрирано седиште на територија на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;
да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за финансиски лизинг за возила со најмалку осум седишта несметајќи го и седиштето на возачот, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот патен сообраќај;
да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
управителот или од него овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност на лице одговорно за превоз;
Понудата на подносителот за учество во доделување на линиите задолжително треба да содржи:
Ониепревозници коинемаат лиценцаза вршење општински линиски превоз на патници освен погоре наведените кон пријавата треба да ги достават и следните документи:
Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на правното лице или од него овластено лице одговорно за превоз;
Список на вработени по обврзник од фондот за пензиско и инвалидско осигурување (не постаро од 60 дена);
Постапката за доделување на линии за превоз на патници ја спроведува Комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита врз основа на следните критериуми:
Цена = најниска цена 20 бода
Бодовите ќе се пресметуваат по следната формула:
Бод =___ најниско понудена ценаx 20____
Старосна структура на возилата со кои ќе се врши линискиот превоз на патници
Број на возила со кои ќе се врши линискиот превоз – максимално 10 (десет) бода, за секоја наредна понува помала од претходната се одзема по 1 (еден) бод од максималниот број на бодови
Број на поаѓања од почетно стојалиште за побараната линија – за секое поаѓање од почетно стојалиште се добива по 1 (еден) бод;
Понудата потпишана и заверена од законскиот застапник на правното лице со пропратната документација, доказите за потребните услови да се достават во запечатени пликови до архивата на општина Радовиш.
Пликот со понудата задолжително треба да има ознака“пријава по оглас за доделување на линии во општинскиот линиски превоз”со назнака“за комисијата”.
На документите во копија , на секоја страна треба да има печат од правното лице, потпис на одговорното лице и забелешка,,верно на оригиналот,,
Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето во средства за јавно информирање, огласна табла на Општина Радовиш како и на официјалната web-страна на општина Радовиш (www.radovis.gov.mk) од 17.02.2026 година до 23.02.2026 година.
Некомплетираните понуди и понудите доставени по определениот рок нема да се разгледуваат.
Доколку се јават повеќе заинтересирани превозници за вршење на превоз, правото му се дава на оној превозник кој ќе понуди поповолни услови за одржување на линии утврдени во огласот.
Отварањето на сите навреме поднесени пријави ќе се одржи на ден 24.02.2026 година (вторник) во 11 часот во просториите на Oпштина Радовиш.
По доделувањето на линија на превозниците ќе им се издаде Дозвола и возен ред.
Напомена:Согласно член 12 од Одлуката за општински линиски превоз, донесена на V-та итна седница на Совет на 17.11.2025 година, по завршување (истекување) на договорите за превоз на ученици склучени врз основ на Законот за јавни набавки, ќе се склучат договори врз основ на добиените Дозволи по овој Јавен Оглас.
Совет на општина Радовиш
Комисија за јавна безбедност безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита
Извор: Општина Радовиш