Радовиш (Вести): Градежните активности за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораов

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Градежните активности за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораов

Денеска извршив увид во градежните активности за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река. Проектот се реализира со засилена динамика и има за цел значително зголемување на безбедноста од поплави, како и намалување на ризикот за околните објекти и земјоделските површини.

Паралелно со градежните работи, спроведено е и темелно чистење на наносниот материјал, вегетацијата и шутот од речното корито, со што се обезбедува непречен проток на водата и долгорочна функционалност на системот.

Со оваа интервенција правиме уште еден значаен чекор кон уредена, побезбедна и поеколошка животна средина за сите граѓани – информираше Градоначалникот Љупче Почивалец.


Извор: Општина Радовиш