Согласно Деловникот за работа, седницата започна со поставување советнички прашања, при што членовите на Советот имаа можност да постават прашања поврзани со тековните активности и потребите на граѓаните. На поставените прашања одговори градоначалникот Љупче Почивалец.
Во текот на седницата беа разгледани и усвоени повеќе предлог-одлуки, програми и заклучоци од значење за функционирањето и развојот на општината. Меѓу нив, Советот ги усвои Одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Радовиш, како и Одлуката за измена и дополнување на Буџетот, со што се обезбедуваат услови за непречена реализација на планираните активности и проекти.
Општина Радовиш и понатаму останува посветена на транспарентно и одговорно работење, во насока на создавање подобри услови за живот и одржлив развој на локалната заедница.
Извор: Општина Радовиш
