Радовиш (Автор: Васе): Радовиш домаќин на 30-тите Регионални пензионерски спортски натпревари

објавено во Општински вести | 0
Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче денеска беа домаќини на 30-тите Регионални пензионерски спортски натпревари, кои се одржаа во и околу спортската сала „25-ти Мај“ и во просториите на СОУ „Коста Сусинов“ и ООУ „Крсте П. Мисирков“ во Радовиш.

На натпреварите учествуваа здруженија на пензионери од Радовиш, Штип, Струмица, Свети Николе, Лозово и Ново Село натпреварувачи од „Третата доба“.

Натпреварувачите ги одмерија своите способности во повеќе дисциплини: слободно фрлање во кош, шутирање на мали голчиња, стрелаштво со воздушна пушка, трчање, шах, пикадо, домино, табла, фрлање ѓуле и скок од место.


Извор: Општина Радовиш