Радовиш (Автор: Васе): Презентацијата на мерките од Оперативниот план за вработување

објавено во Општински вести | 0
Во Радовиш се одржа презентацијата на мерките од Оперативниот план за вработување, кои отвораат нови можности за нашите граѓани, особено за младите луѓе и идните претприемачи.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Даниела Димовска ги презентираа мерките што ќе помогнат во отворањето нови работни места и развојот на локалната економија.

Како локална самоуправа, силно ги поддржуваме сите програми кои им овозможуваат на младите да започнат сопствен бизнис, да ги реализираат своите идеи и да ја градат својата иднина во Радовиш.

Токму ваквите мерки се дополнителен поттик за создавање нови можности, економски раст и подобар животен стандард за сите наши сограѓани.

Продолжуваме посветено да работиме на создавање услови младите да останат, да работат и да успеваат во својот роден град.


Извор: Општина Радовиш