Радовиш (Автор: Васе): Иницијална средба од проектот „Зајакнување на општинските совети“

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Автор: Васе): Иницијална средба од проектот „Зајакнување на општинските совети“

Вчера во Скопје се одржа иницијална координативна средба во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, организирана со поддршка на УНДП, Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа.

Во проектот се избрани општините: Радовиш, Новаци, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Кичево, Демир Капија, Врапчиште, Росоман, Кратово и Град Скопје.

На средбата беа презентирани проектните активности, насоките за соработка и следните чекори за унапредување на работата на општинските совети и локалната самоуправа.


Извор: Општина Радовиш