Радовиш (Автор: Васе): Започна 11. Меѓународна радовишка ликовна колонија

објавено во Општински вести | 0
Денес свечено беше означен почетокот на единаесеттата по ред Меѓународна радовишка ликовна колонија, која и оваа година ги обединува уметниците од земјата и странство во духот на креативноста, културната размена и уметничкото творештво.

Во наредните денови учесниците ќе создаваат нови уметнички дела, инспирирани од убавините на Радовиш и неговата околина, оставајќи траен белег во културното наследство на градот.

На сите учесници им посакуваме успешна работа, многу инспирација и незаборавни моменти исполнети со уметност и дружење.


Извор: Општина Радовиш