Пробиштип (Новости): Адултициден третман (прскање) против комарци 18.06.2026 (четврток)

објавено во Општински вести | 0
Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 18 Јуни 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:Втор адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина ПробиштипОвој третман ќе опфати:– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак– Течение на река Киселичка– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип– Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец– Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река– Месност Глобица и водостој на рибники други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачитеАдултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ќе се изврши со почеток од 22:00 часот. Третирањето најрвин ќе започне да се извршува од околните одредени локации, централното градско подрачје ќе биде опфатено на крај, односно во подоцните часови, сепак ги замолуваме граѓаните за разбирање и претпазливост.Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.


Извор: Општина Пробиштип