Советот на Општина Прилеп објавува:
за пројавување на интересза пријавување на кандидати
за избор на член во управен одбор
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на 7 (седум) членови на управен одбор на ЈКП Пазари-Прилеп, со седиште на ул.,, Методија Шаторов Шарло бр.57 Прилеп.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).
Шифра на дејност на претпријатието 68.20 Изнајмување и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот под закуп (лизинг)
Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Прилепwww.prilep.gov.mkи на страната на ЈКП Пазари-Прилепhttps://pazaripp.mk/
За член на управен одбор на ЈКП Пазари-Прилеп може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:
Членовите на управниот одбор на ЈКП Пазари-Прилеп, треба да имаат и најмалку 5 години работно искуство, и тоа:
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор на ЈКП Пазари-Прилеп изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
Претседателот и членовите на управниот одбор на јавното претпријатие имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие.
Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на управниот одбор поединечно, не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Управниот одбор на на ЈКП Пазари-Прилеп се:
Постапката за селекција на членовите на управен одбор на ЈКП Пазари-Прилеп се состои од две фази и тоа:
-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и
– Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Прилеп:www.prilep.gov.mk.
Јавниот повик се објавува на ден 09.01.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно до 14.01.2026 година.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават:
Незадоволните кандидати од изборот за членoви во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
на Совет на Општина Прилеп
ПРЕЗЕМИ управен одбор на ЈКППазари-Прилеп
ПРЕЗЕМИ obrazec-za-prijavuvanje
Извор: Општина Прилеп
