Врз основа на член 55 од Статутот на Општина Прилеп(Службен гласник на Општина Прилеп број 5 од 27.05.2021)член 5 од Одлуката за формирање на Локален младински совет, а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), Општина Прилеп објавува:
ЈАВЕН ПОВИКЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
Локалното собрание на млади објавува Јавен повик за кандидирање на членови за Локалниот младински совет на Општина Прилеп и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.
Од редовите на Локалното собрание на млади се избира и изгласува тричлена комисија, која е одговорна за следење на целокупниот процес за изборот на членови на Локалниот младински совет.
Членовите на Локалното собрание на млади не се ограничени од членување во Локалниот младински совет.
на возраст од 15 до 29 години;
Апликантите кои ги исполнуваат условите ќе бидат дел од Локално собрание на млади. Нивна примарна цел е избор на Локалниот младински совет на Општина Прилеп.
Градоначалник на Општина Прилеп
Подготвил, службеник за млади: Гоце Бумбароски
ПРЕЗЕМИ Документација за Јавен повик ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ – 2026
ПРЕЗЕМИ Јавен повик за ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ 2026
Извор: Општина Прилеп