– Многу ми е драго што сум тука. Гледам многу познати лица, а особено ми се свежи сеќавањата од времето кога се одржа Светската конференција на карневалски градови тука во Прилеп. Навистина сум среќен што направивме еден рестарт на прилепскиот карневал – изјави Алгел.Во рамки на карневалот традиционално беа доделени и награди за најдобрите маски. Гран при наградата ја освои „Весела фарма“ од ООУ „Добре Јованоски“. Во детската конкуренција, првото место го освои маската „Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот“ од ООУ „Кочо Рацин“, второто „Шах-мат“ од ООУ „Рампо Левката“, а третото „Јинг Јанг“ од ООУ „Кире Гаврилоски Јане“.Во категоријата возрасни групни маски, најдобра беше „Пепелашка на карневал“ од „Зодијак“, пред „Прилепска златна кралица“ од СОУ „Ѓорче Петров“ и „Врховниот совет на смарагдите“ од Здружението за развој и едукација. Кај поединечните маски, наградата за детска маска ја доби „Gothic girl“ од Мидеа, додека кај возрасните најдобра беше „Puxelstar“ од Мила Спиркоска.Карневалските празнувања започнаа уште во петокот со изложба на рачно изработени традиционални и современи маски од ученици и наставници од основните и средните училишта од Општина Прилеп. Најдобрите изработки беа оценети и наградени од стручно жири.Карневалските денови беа исполнети со жонглери, кловнови, акробати, музика и забави под маски, а традиционалното одбележување на карневалските случувања заврши на „Чист понеделник“, со заедничка посна трпеза на учесниците, во организација на „Прилепските мечкари“, во манастирот „Св. Ѓоргија“ во Присад – со што беше најавен Велигденскиот пост и продолжувањето на вековната традиција на проштавање, радост и заедништво.
Извор: Општина Прилеп
