Остваривме координативна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, Јавното претпријатие за државни патишта и Градежниот институт на Македонија.Целта на средбата беше взаемна координација за сообраќајните варијабилни решенија, со конкретни предлози и планови за следните фази од изградбата на автопатот Прилеп–Битола, како дел од Коридорот 10д.Разговаравме за важноста од поврзување на локалната сообраќајна мрежа со автопатското решение, со јасна регулација на сообраќајот и функционална распределба на движењето во и околу градот.Нашата цел е урбанистичко-инфраструктурно заедничко решение што ќе обезбеди поквалитетен развој на Прилеп, поголема безбедност и подобра поврзаност на граѓаните и стопанството преку автопатските и магистралните патишта што се градат во регионот.Прилеп заслужува модерна и стратешки планирана инфраструктура.
Извор: Општина Прилеп