Проектот има за цел да ги поддржи процесите на праведна транзиција во Северна Македонија преку подигнување на свеста, поттикнување на видливи (храбри) кампањи и мобилизирање на сите релевантни чинители на локално ниво. Проектот ќе се спроведува во времетраење од 24 месеци и ќе ги оствари следните специфични цели:
СЦ1: Подигнување на свеста за потрошувачите-производители (просумери) и енергетските заедници на локално ниво преку спроведување на широко распространета кампања за сензибилизација
-
Изработка и дистрибуција на информативни материјали (на пр. електронски брошури, инфографици и содржини за социјалните медиуми) кои ќе стигнат до најмалку 100.000 луѓе.
-
Стартување на дигитална кампања за прикажување на позитивни примери на иницијативи за чиста енергија, со досег до најмалку 500.000 луѓе на интернет.
-
Зголемување на знаењето на најмалку 200 поединци за придобивките од тоа да станат потрошувачи-производители и да формираат енергетски заедници.
СЦ2: Мобилизирање и ангажирање преку споделување искуства и позитивни практики од чистата енергија („Споделувањето е грижа“) за локалните заедници и за општата јавност
-
Организирање 5 настани за споделување знаење („Денови на сонцето“ / Solar Days), каде што локалните заедници ќе можат да учат од успешни проекти за обновлива енергија.
-
Организирање на најмалку 2 работилници за ангажирање со локалните заедници до крајот на времетраењето на проектот.
-
Воспоставување мрежа од најмалку 20 ангажирани чинители, вклучувајќи ги локалните самоуправи, граѓанските организации и енергетските заедници, врз основа на спроведените работилници.
-
Изработка и промоција на најмалку 5 видеоприказни (storytelling videos), кои ќе достигнат до 200.000 уникатни профили преку социјалните медиуми.
Проектот е финансиран преку NDICI CHALLENGE/2024/455-010 ,,Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансофрмативна климатска правда во Европа и пошироко’’ координиран од страна на Climate Action Network Europe (CAN Europe) и кофинансиран од Европската Унија.
Период на спроведување: Септември 2025 – Април 2027
