за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот наплоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри
Пехчевски Павловден – 2026
За одржување на фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево, за период од двадена (10-ти, 11-ти јули 2026 година) за чествување на празникот Павловден, ќе се издавапод закуп површината на плоштадот за поставување на урбана опрема (маси и столови).
Доделувањето на парцелите ќе се дава по одредена фиксна цена определена соОдлука од страна на Советот на општината. Право на приоритет на добивање налокација ќе имаат сопствениците на угостителските објекти пред нивните локали.Доколку сопствениците на угостителските објекти пред кои има површина, која епредмет на продажба, не се согласуваат да го купат просторот, предност имаат другикупувачи доколку ги има. Другите локации ќе се доделуваат по принципот на слободнилокации со приоритет согласно времето на пријавување и плаќање на надоместокот.Изготвена е скица со распоред на парцелите со број и површина.Цените на парцелите се следните:– Парцела Кит – го со П=140 m 2 по цена од 150 ден/m 2 за ден– Парцела Лепак со П=120 m 2 по цена од 120 ден/m 2 за ден. Oваа парцела е предКомерцијална Банка, па поради тоа влезот пред банкоматот не смее да бидезатворен!– Парцела Меанче со П=150 m 2 по цена од 100 ден/m 2 за ден– Парцела бр.1 со П=120 m 2 по цена од 80 ден/m 2 за ден– Парцела бр.2 со П= 120 m 2 по цена од 80 ден/m 2 за ден– Парцела бр.3 со П= 120 m 2 по цена од 80 ден/m 2 за ден
Минимум купена површина за предложените парцели е 70% од понудената површина.
– Угостителите кои сакаат да купат простор за скара треба да уплатат 10.000 (десетилјади денари) од ден, за простор за скара до 20м 2 .– Парцелите од бр.1 до бр.41 на паркинг плац по цена од 100 ден/m 2 за ден
– Ако некој е заинтересиран да го закупи целиот паркинг простор илиминимум 200м 2 е должен уплатата да ја изврши заклучно до 07.07.2026 год(вторник) по цена од 50 ден/m 2 за ден со претходна пријава во одд. заурбанизам комунални дејности и заштита на животната средина.
Се забранува пoставување на штандови на површини кои не се предвидени вографичкиот прилог, даден во прилог на оваа одлука.
Уплатата на средствата се врши од страна на корисникот, на трезорска сметка наБуџет на општина Пехчево 100000000063095, уплатна сметка 840-154-03317, приходноконто 717135, програма 00 со претходна пријава во одд. за урбанизам комуналнидејности и заштита на животната средина.Член 7
Органот е надлежен да издаде Одобрение за користење на просторот, попретходно доставен доказ за извршена уплата за површина определена во барањето накорисникот. Без претходен доказ за извршена уплата за користење на просторот НЕсе издава одобрение за користење.
Се задолжува градоначалникот на општина Пехчево да ги овласти комуналнитередари во општина Пехчево и вработените во одделение за урбанизам комуналнидејности и заштита на животната средина да извршат обележување на секоја одпарцелите и да постапат согласно нивните надлежности.Член 9
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен гласник наОпштина Пехчево.
Совет на општина ПехчевоПретседател
Одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2026
Извор: Општина Пехчево