Петровец (Вести): Присуство на заедничка ифтар вечера во Долно КоњариMarch 17, 2026|Вести|adminВечерва, градоначалникот на Општина Петровец, Борче…Повеќе →Присуство на заедничка ифтар вечера во Долно Коњари

објавено во Општински вести | 0
March 17, 2026|Вести|admin

Вечерва, градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, на покана од младината од населеното место Долно Коњари, присуствуваше на заедничка ифтар вечера. На настанот присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Петровец, Жарко Крстевски.

Ифтар вечерата претставуваше можност за заедничко дружење, меѓусебно почитување и зајакнување на заедништвото во локалната заедница.

Со ваквите настани се негуваат вредностите на толеранција, солидарност и соживот, кои се од особено значење за градење стабилна и обединета општина.


Извор: Општина Петровец