Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:
Акцијата ќе се реализира на 04јуни(четврток) и 05јуни(петок) 2026 год.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на 04 јуни (четврток) и 05 јуни (петок) 2026 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носаткопија од лични документи (лична карта или пасош)за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.
Извор: Општина Охрид
