Охрид (Животна средина): ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ „ЦВЕТНИ БАЛКОНИ- ЦВЕТЕН ОХРИД“

објавено во Општински вести | 0
Денеска започна проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ што Општина Охрид традиционално  го реализира по повод  5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.

Во рамките на  проектот  ќе се поделат 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:

Заинтересираните граѓани од гореспопменатите улици ,  цвеќето може да го подигнуваат   денес и утре во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“   во период  од 9 до 13 часот. За таа цел   тие со себе треба  да носаткопија од лични документи (лична карта или пасош)за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. Акцијата завршува утре.


Извор: Општина Охрид