Охрид (Градоначалник): ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот Кирил Пецаков по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до  сите христијански верници кои го прославуваат празникот  според Грегоријанскиот календар.

– Велигден е еден од најважните денови,симбол на надежта, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Богаи какошто нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието и темнината, така секој од нас може и мора да се бори за правдата, добродетелството и љубовта.Овој светол ден нека биде вечна стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието,длабоко уверени во потребата за човекољубие и почитување на христијанските вредности. Во ова време, во кое се соочуваме  со бројни искушенија, потребна е сплотеност, меѓусебно почитување и уважување, за да можеме духовно исполнети  да се справиме со нив.

Драги верници,празникотминете гово голема радост кон животот и љубовта, самопочитувањето и почитувањето на другите.

За многу години! –стои во честитката на градоначалникот Пецаков за Католички Велигден.


Извор: Општина Охрид