Охрид (Градоначалник): ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

објавено во Општински вести | 0
Охрид (Градоначалник): ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до  Муфтијата Самет Ајдари, до членовите  на Исламската верска заедница во градов   и до  сите граѓани    од исламска вероисповед.

– Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на  верската или каква било друга определба.

Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото. Чествувајќи го празникот ја потврдуваме  столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во нашава татковина.

Посакувам празничните денови да ги поминете во мир и хармонија исполнети со среќа и радост,  споделувајќи љубов со ближните. Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја. Без разлика на верската, етничката и политичката припадност да имаме разбирање и почит кон сите наши сограѓани. Заедно, сплотени и солидарни да работиме на напредокот и благосостојбата на Охрид и Македонија– стои во честитката на градоначалникот Пецаков.


Извор: Општина Охрид