Еден од клучните столбови на меѓусебната соработка останува проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Овој проект се реализира во партнерство со „Салар Интернационал“, организација која е дел од Шведската асоцијација на локални власти и региони.
Во делот на туризмот, на средбата беа разгледани конкретни иницијативи за привлекување на поголем број гости од Шведска. Акцентот беше ставен на организирање на специјална промоција на Охрид во Шведска, со цел презентација на културното наследство и природните реткости како и креирање нови мрежи за соработка помеѓу
На средбата беше потенцирано дека Охрид останува отворен град, подготвен за соработка со меѓународните партнери. Приоритетот на локалната самоуправа е преку ваквите партнерства да се обезбеди долгорочен развој кој ќе донесе бенефит за сите граѓани.
Амбасадорот Солстром и градоначалникот ја потврдија заложбата за натамошно зацврстување на пријателските односи и реализација на нови заеднички иницијативи во претстојниот период.
Извор: Општина Охрид
