Во пресрет на Велигденските празници кои ни претстојат, Општина Новаци во соработка со екипата на ЈКП „Комунална хигиена“ Новаци спроведоа активности за уредување и темелно чистење на рекреативниот парк на реката Коњарка во Скочивир.
Со заеднички труд и посветеност, просторот е разубавен и подготвен за сите посетители кои празничните денови ќе ги поминат во природа, во пријатна и чиста околина.
Грижата за животната средина и јавните површини останува наш приоритет. Апелираме до сите граѓани да ја чуваме чистотата и заеднички да придонесеме за поубава и поуредена Општина Новаци.

Извор: Општина Новаци