Новаци: Oдбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Oдбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев

Денес во с. Паралово, во организација на Општина Новаци, достоинствено беше одбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев (1876–1906).
Настанот започна со панихида на неговото вечно почивалиште, по што следуваше заедничка трпеза во манастирот „Св. Ѓорѓи“.
Со почит и благодарност се потсетивме на неговото дело и жртва, оддавајќи чест на ликот и делото на овој значаен македонски херој.
Благодарност до сите присутни кои со своето присуство придонесоа за достоинствено одбележување на овој значаен ден.


Извор: Општина Новаци