Новаци: 25 години од трагичниот настан кај Вејце

објавено во Општински вести | 0
Новаци: 25 години од трагичниот настан кај Вејце

Денес оддаваме почит и положивме свежо цвеќе пред споменикот на бранителите, по повод 25 години од трагичниот настан кај Вејце.
На овој ден се потсетуваме на четворицата припадници на безбедносните сили од Битола – Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, кои го положија својот живот во конфликтот од 2001 година.
Нивната жртва останува длабоко врежана во нашата колективна меморија и претставува вечен потсетник за цената на мирот и слободата.
Со достоинство, почит и благодарност се поклонуваме пред нивниот спомен.
Нека им е вечна слава.
#Сеќавање
#Херои
#НикогашЗаборавени


Извор: Општина Новаци