Новаци: Христијан Штрковски од Новаци освои второ место на меѓународниот натпревар „Serbian Open Final Rep“

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Христијан Штрковски од Новаци освои второ место на меѓународниот натпревар „Serbian Open Final Rep“

Денес остварив средба со нашиот сограѓанин Христијан Штрковски од Новаци, кој достојно ја претставуваше Општина Новаци на меѓународниот натпревар „Serbian Open Final Rep“, одржан во Нови Сад, Република Србија.
Со максимална посветеност, дисциплина и борбеност, Христијан го освои второто место во категоријата М-80, остварувајќи вкупен пласман од 422,5 килограми.
Горди сме што Општина Новаци има спортисти кои со своите резултати, труд и упорност ја промовираат нашата општина и претставуваат вистински пример за младите генерации.
Упатувам искрени честитки до Христијан за овој значаен успех и му посакувам уште многу спортски достигнувања, лични рекорди и освоени медали во иднина.
Браво Христијан! Општина Новаци се гордее со тебе!
#ОпштинаНоваци
#ХристијанШтрковски
#СпортскиУспех
#ГордиНаНашитеСпортисти
#Новаци


Извор: Општина Новаци