Новаци: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СКОЧИВИР

објавено во Општински вести | 0
Новаци: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СКОЧИВИР

Општина Новаци континуирано инвестира во подобрување на условите за живот на жителите и решавање на инфраструктурните проблеми во населените места.
Со инвестиција на Општина Новаци извршена е целосна реконструкција на резервоарот и поставена е комплетна опрема за подобрување на водоснабдувањето, со капацитет од 40 кубни метри вода.
Со реализацијата на овој проект успешно е решен долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во село Скочивир, како и на манастирот „Св. Архангел Михаил“.
Со одговорни инвестиции и конкретни проекти, Општина Новаци продолжува да создава подобри услови за живот и развој во сите населени места.
#ОпштинаНоваци
#Скочивир
#Водоснабдување
#Инвестиции
#Развој
#ЗаПодобраОпштинаНоваци


Извор: Општина Новаци