Новаци: Средба со фудбалерите и управата на ФК Новаци

објавено во Општински вести | 0
Денес остварив средба со фудбалерите и управата на ФК Новаци, клуб кој со години достојно ја претставува нашата општина на спортските терени и оваа сезона бележи одлични резултати во Втората македонска фудбалска лига.
По повод јубилејот „30 години Општина Новаци“, на претставниците на клубот им беше доделена плакета како признание за нивниот значаен придонес во развојот на спортот и промоцијата на општината. Особено значајно е што годинава ФК Новаци одбележува голем јубилеј – 70 години постоење и успешно спортско делување.
ФК Новаци претставува вистински амбасадор на општината, клуб кој преку своите спортски успеси, посветеност и долгогодишна традиција придонесува за афирмација на Новаци низ целата држава.
Општина Новаци останува посветен партнер и поддржувач на клубот, препознавајќи го значењето на спортот за развојот на младите генерации и за градењето на позитивен имиџ на општината. Поддршката кон ФК Новаци ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – нови успеси, нови победи и уште поголема промоција на нашата општина.
Честитки за досегашните резултати и многу успех во натамошните натпреварувања!
#ОпштинаНоваци
#ФКНоваци
#70ГодиниФКНоваци
#30ГодиниОпштинаНоваци
#Спорт
#ГордиНаНоваци


Извор: Општина Новаци