Во пресрет на Први Мај, извршивме уредување, чистење и оспособување на игралиштето кај спортско-рекреативниот парк на реката Коњарка во село Скочивир, во соработка со јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци.
Просторот е целосно подготвен да ги пречека сите посетители – семејства, рекреативци и љубители на природата, кои традиционално ги поминуваат првомајските празници на излет во овој прекрасен предел.
Со уреден и чист амбиент, сакаме да обезбедиме пријатно и безбедно место за одмор, дружење и рекреација за сите генерации.
Апелираме до сите посетители да ја чуваме природата и заеднички да придонесеме за одржување на чиста и уредена животна средина.
Ве очекуваме заедно да уживаме во празничната атмосфера! 🌿
#ПрвиМај #Скочивир #Коњарка #ЧистаПрирода #Заедно
Извор: Општина Новаци