Новаци: Се гради водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланираните улици во Индустриската зона Новаци

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Се гради водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланираните улици во Индустриската зона Новаци

Денес извршив увид на градежните активности за изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланираните улици во Индустриската зона Новаци.
Со овој проект се создава современа инфраструктура што ќе овозможи подобри услови за работа, нови инвестиции и економски развој на општината.
Вкупна вредност на проектот изнесува 25.534.903,16 денари, средства кои се обезбедени од Владата и буџетот на Општина Новаци.
Продолжуваме посветено да инвестираме во развојот на Општина Новаци и подобрување на условите за сите граѓани и бизниси.


Извор: Општина Новаци