По повод значајниот јубилеј – 30 години Општина Новаци, се одржа свечена седница на Советот на Општина Новаци, на која присуствуваа сите досегашни советници кои во изминатите три децении биле дел од работата на Советот.
Овој настан претставуваше симболично обединување на сите генерации кои со својата посветеност, одговорност и визија придонеле за развојот и напредокот на општината. Преку нивната работа, одлуки и заложби, се граделе темелите на модерната Општина Новаци.
Свечената седница беше можност да се оддаде признание за вложениот труд и да се потсетиме на сите предизвици и успеси кои ја обликувале општината во изминатите 30 години.
Во рамки на одбележувањето, беа наградени и учениците кои учествуваа на Ликовниот и Литературниот конкурс на тема „Општина Новаци“, при што беа доделени награди за освоените први три места.
Извор: Општина Новаци