Денес се одржа и свечена академија по повод јубилејот на Општина Новаци – 30 години од нејзиното постоење.
На академијата беа доделени признанија и награди на локални производители, инвеститори, здруженија, млади професионалци – дипломирани инженери кои го добиле својот инженерски прстен, пилоти, како и лекари, како знак на признание за нивниот труд, посветеност и придонес во развојот на општината и заедницата.
Свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа Златко Перински, претседателот на Советот Илче Трајковски, како и јас, како градоначалник на Општина Новаци.
Овој настан ја истакна важноста на знаењето, професионализмот, иницијативата и соработката меѓу институциите и здруженијата, како и континуираниот напредок на Општина Новаци. Со гордост ја прославивме историјата на заедницата, охрабрувајќи ги младите генерации и сите чинители да продолжат да го градат патот на просперитет и развој.
Извор: Општина Новаци